Глечер голем колку Луксембург кој се открши од Антарктикот се стопи и испушти милиони тони слатка вода во океанот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Џиновски глечер, кој се одвои од Антарктикот во 2017 година, со топење испушти околу 61 милион олимписки базени слатка вода во океанот што покрена прашања за тоа како ова ќе влијае врз морскиот екосистем, се наведува во извештај објавен во текот на вчерашниот ден.

Огромната санта мраз била двојно поголема од Луксембург кога се одвоила од ледената покривка Ларсен, која се загреала побрзо од кој било друг дел на најјужниот континент на Земјата.

Според British Antarctic Survey (BAS), со површина од 5.719 километри квадратни, тој бил најголемиот глечер на Земјата кога се формирал и шести по големина забележан досега.

Две години, „џинот” тежок 1 трилион тони, познат како А-68, плуташе во студените води на Веделското Море пред да отпатува на север и да му се закани на британскиот остров Јужна Џорџија, на околу 4.000 километри од неговата почетна точка.

Глечерот, наречен А-68а, по откинувањето на парчето, се приближил до островот кон крајот на 2020 година, предизвикувајќи стравувања дека ќе се заглави на морското дно, блокирајќи ги океанските струи и попречувајќи го минувањето на илјадници пингвини и фоки.

Сепак, според новата студија, глечерот иако накратко го допрел морското дно, брзо се стопил во потоплиот регион околу Јужна Џорџија и изгубил значајна количина од својата маса додека да стигне до поплитките води.

Научниците кои го следеа неговото патување преку сателит пресметаа дека А-68 испуштил вкупно 152 милијарди тони слатка вода богата со хранливи материи во морето помеѓу крајот на 2020 година и неговото топење во 2021 година.

Тоа е колку 20 пати поголема количина вода од таа во Лох Нес, Шкотска, односно 61 милион олимписки базени, соопшти БАС. Во соопштението се додава дека тоа е „нарушување кое би можело да има длабоко влијание на морскиот екосистем на островот”.

– Тоа е огромна количина растворена вода, изјави Ен Бракман – Фолгман, научник во Центарот за поларни набљудувања и моделирање (CPOM), која го водела истражувањето објавено во весникот Remote Sensing of Environment.

Таа додава дека следно што сакаат да го утврдат е тоа дали имало позитивно или негативно влијание на екосистемот околу Јужна Џорџија