Главниот координативен кризен штаб одлучи дека има услови за настава со физичко присуство


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На предлог на Министерството за образование и наука, Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата, на денешниот состанок кој беше под водство на премиерот Зоран Заев, оцени е дека се создадени услови почетокот на новата учебна година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во одлука што ќе биде донесена на наредната владина седница.

– Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на ГККШ, е големиот број вакцинирани наставници и училиштен кадар. Во моментов 60 проценти се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80 отсто вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата, информира владината прес-служба.

Во оваа насока се и протоколите изработени од епидемиолози, кои веќе се донесени за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата.

– На состанокот беше заклучено дека и кај вработените во градинките и останатиот персонал продолжува вакцинацијата, а сега се вакцинирани 60 проценти, додава владината прес-служба.