Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ништо не е чудно – тоа е Златан Ибрахимовиќ. Поважен од секој фудбалер на Манчестер Јунајтед. Па дури и кога не игра. А не можеше да игра во финалето поради повредата на предните вкрстени лигаменти.
Сепак, „Црвените ѓаволи“ и без него го освоија третиот и најважен пехар во сезоната. Но, ниту повредата не го спречи да биде главна фаца и атракција. А Ибра посебно му се израдува на овој пехар бидејќи славеше на домашен терен, во Стокхолм. А на трибините се појавии инспиративен транспарент од еден навивач на Манчестер Јунајтед:
„Златан, остани и можеш да ја онадиш мојата жена“.
Транспарентот го привлече вниманието на прекалениот напаѓач, па Ибра побара да се фотографира пред него, а ја „зачисти“ и публиката пред транспарентот, за камерманите да имаат совршен поглед на она кое го пишува на него.