Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Адвокатката Лесли Стовал, кој ја застапува наставничката Кетрин Мајорга, жената која го обвини Кристиано Роналдо за силување во 2009 година, за The Mail On Sunday изјави дека добиле повик од утше една жена која тврди дека била силувана од славниот фудбалер.
„Ме побара уште една жена која тврди дека преживеала слично искуство“, изјави Стовал, одбивајќи да го открие името на засега анонимната Американка, но истакна дека нејзините податоци ќе бидат дадени на полициските органи во Лас Вегас, кои неодамна одново го отворија случајот на Мајорга од 2009 година, кога таа го пријавила силувањето.
Роналдо ги демантираше изнесените обвиненија, опишувајќи ги како „лажни вести“. „Силувањето е ужасен злостор кој е спротивен на сето она што сум јас и во кое јас верувам“, напиша фудбалерот на својот Твитер профил.
I firmly deny the accusations being issued against me. Rape is an abominable crime that goes against everything that I am and believe in. Keen as I may be to clear my name, I refuse to feed the media spectacle created by people seeking to promote themselves at my expense.
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) October 3, 2018
Daily Mail пишува дека адвокатскиот тим на Мајорга ќе ја испрашува неговата бивша девојка, Гема Аткинсон, со која Роналдо се забавуваше токму таа 2009 година, но дека нема причина за сомнеж дека ја нападнал неа или било која друга негова девојка, вклучително и наводните девојки Ким Кардашијан, Парис Хилтон, како и неговата најпозната девојка, Ирина Шајк.
„Сакам да разговарам со сите девојки кои интимно го познавале. Ќе појдам и во Велика Британија ако треба“, изјави Стовал.