Гласот кој веќе почна да ни недостига: Take This Waltz – Леонард Коен го одигра последниот валц


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Влијателниот и незаборавен пејач, текстописец и поет кој на музичката сцена се одржа речиси 50 години, Леонард Коен, почеина на 82-годишна возраст. Смртта ја потврдија и од издавачката куќа Sony Music Canada.

„Татко ми почина мирно во својот дом во Лос Анџелес, со сознание дека го заврши она за кое чувствуваше дека е една од неговите најголеми снимки“, напиша синот на Коен, Адам, во изјава за Rolling Stone. „Пишуваше до неговиот последен момент со неговиот уникатен хумор“, додаде тој.

Леонард Коен беше мрачната еминенција помеѓу мал пантеон од екстремно влијателни пејачи и текстописци кои се појавија во ’60-те и раните ’70-ти. Веројатно само Боб Дилан изврши поголемо влијание врз неговата генерација од Коен, и само Пол Сајмон и неговиот пријател од Канада, Џони Мичел, го квалификуваа него како пејач-поет.

Неговиот бас вокал, гитарата и придружните вокали од грчкиот хор отпеаја незаборавни композиции кои оставија длабоки траги во музичката истрија, минато и сегашност подеднакво, посветени на љубовта и омразата, сексот и духовноста, војната и мирот, екстазата и депресијата. Пред неколку недели Коен го издаде неговиот последен и веројатно најмрачен албум, You Want It Darker.