Home Наука и техонологија „Гладно чудовиште“ тешко колку 4 милиони Сонца демне во центарот на нашата галаксија

„Гладно чудовиште“ тешко колку 4 милиони Сонца демне во центарот на нашата галаксија

Нашата галаксија позната како Млечниот Пат, име кое потекнува од древна Грција и е поврзано со митот за ноќното доење на бебето Херкул од страна на божицата Хера, чие млеко се истурало по небото кога наутро ќе го тргнела Херкул од градите, во својата средишност носи „гладно чудовиште“ кое е спремно да голтне сè што ќе му се најде на патот.

Огромната црна дупка со тежина од 4 милиони Сонца научниците знаат дека е лоцирана во срцевината на Млечниот Пат бидејќи можат да ги следат патеките на ѕвездите во центарот на нашата галаксија и да видат дека тие изгледа орбитираат околу супермасивен објект што не може да се види.

Но во последниве години астрономите ги комбинираа набљудувањата од повеќе радиотелескопи за да се обидат да ја ѕирнат околината на црната дупка, која е преполна со гас и прашина што се вртат околу челуста на црната дупка.

Проектот, наречен Телескоп хоризонт на настани, се очекува во наредните месеци да ги даде првите слики од работ на црната дупка, според блогот на тимот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…