Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секоја година, сè поголема сума буџетски пари ги јаде габаритниот „никогаш ненајаден џин“ – македонската администрација, па ништо поинаку нема да биде ни во 2019 година, пренесува Мета.
За следаната година, за плати на администрацијата, од буџетот предвидено е да се потрошат 461 милиони евра, што е зголемување за 25 милиони евра или од 5,7 отсто во однос на годинава, кога за оваа намена се одвоени 436 милиони евра.
Податоците за изминатиов период покажуваат континуирано зголемување на расходите наменети за плати во адмнистрацијата, односно од 2013 година наваму, секоја година за плати има зголемување во просек за 14 милиони евра.
Во рамки на 461 милиони евра проектирани во буџетот за 2019 година за плати во администрацијата предвидено е покачување на платите за 5 отсто за вработените во буџетските корисници во последниот квартал од годината, односно почнувајќи со исплатата на септемвриската плата во 2019 година.
„Ваквото зголемување се предлага со цел подобрување на стандардот на живот на вработените и зголемување на мотивот за професионално, квалитетно и целосно исполнување на работните задачи, особено во фаза на спроведувањето на преговорите околу интеграцијата во ЕУ и НАТО“, се вели во предлог-буџетот за 2019 година.