Глад тресе на истокот на Етиопија – ситуацијата на ниво на катастрофа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шефот на хуманитарната мисија на Обединетите нации Марк Лоукок кажа дека на истокот на Етиопија владее глад.

„Таму сега владее глад. Само ќе се влошува“, кажа тој по објавувањето на новиот извештај за ситуацијата во тој регион, пренесува Би-би-си.

Повеќе од 350.000 луѓе живеат во „тешка криза“ во регионот Тиграј, како и во соседните региони Амхара и Афар.

Тиграј е опустошен од борбите меѓу владата и бунтовниците. Ситуацијата со храната достигна ниво на катастрофа, покажуваат анализите.

Етиопската влада не го призна извештајот.