Ѓорчев прогласи победа за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ со симулација дека тесно води


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ изјави дека по 10-ти пат победиле на изборите и за тоа им честиташе на македонските граѓани.

Вечерва се случи 10-та по ред победа на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатот покажува сè, покажува победа. Нашиот народ повторно победи. Разликата е 390.000 наспроти 370.000 гласови. Драги граѓани, сите сме свесни дека нашата коалиција од 25 партии не се бореше само против СДСМ и нивната коалиција, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Останавме на нозе. Имаме 20.000 повеќе гласови од СДСМ, но ќе имаме уште повеќе. Благодариме Македонијо – рече тој и му честиташе на СДСМ за победата во ИЕ 1. После девет победи, повторно ние победивме. Ова ни е 10. победа. Голема благодарност до сите коалициони партии и до граѓаните на Македонија – рече Ѓорчев.

СДСМ има, рече тој убедлива разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ во албанската средина.

– Во Кисела Вода убедливо победивме, исто и во Македонски Брод и во Сопиште, а во Сарај изгубивме пет спрема еден за СДСМ – рече Ѓорчев. Тој истакна дека има убедлива победа на СДСМ во Диво Насеље.

Од друга страна, СДСМ излезе со симулација според која добиле 52 пратеници, наспроти 51 на ВМРО ДПМНЕ.
Според симулацијата на СДСМ за освоени мандати, ВМРО-ДПМНЕ добива 52, а СДСМ 51 пратенички места, девет пратеници има ДУИ, три освоила ДПА, а Алијанса за Албанците 3 мандати, БЕСА четири пратеници.

Во ИЕ 1, СДСМ освојува 10 мандати наспроти 8 на ВМРО-ДПМНЕ. Во ИЕ 2, СДСМ 9, а ВМРО-ДПМНЕ 8, во ИЕ 3, резултатот е 11 спрема 9 за ВМРО-ДПМНЕ, во ИЕ4 односот е 10:10, во ИЕ5 9:9 и во ИЕ6 односот е 4:4.

Според последните симулации на СДСМ, ситуацијата е 52 за СДСМ, 51 за ВМРО-ДПМНЕ.