Ѓоковиќ со нов спонзор – ќе добива 15 милиони годишно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ќе ја замени компанијата од Јапонија „Уникло“, со која соработува во последните години, и за време на вториот гренд-слем во сезоната „Ролан Гарос“ ќе објави соработка со „Лакост“ од Франција.

Медиумите откриваат дека компанијата од Франција му понудила 15 милиони евра по сезона, што е за три повеќе од „Најк“.

„Според нашите информации, Ѓоковиќ ќе се пресели од „Уникло“ во „Лакост“. Договорот е веќе потпишан, но ќе биде официјализиран пред почетокот на „Роланд Гарос“. Турнирот трае од 22 мај до 11 јуни и соработката на Новак со Јапонците ќе биде завршена во тој период. Со оглед на тоа што повеќе надежи вложуваат во домашниот тенисер Кеи Нишикори, со кого договорот го продолжија на пет години, Новак ќе се префрли во француската компанија“, велат извори од Франција.

Ѓоковиќ со логото на „Уникло“ освои седум Грен слем титули и 19 мастерси!