Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руската армија во своите воени напади денеска погодила и уништила детска болница во опколениот пристанишен град Мариупол во југоисточниот дел на Украина, соопшти градскиот совет.
Во соопштението објавено на Фејсбук, властите велат дека неколку бомби се фрлени врз детската болница и дека уништувањето е „колосално“.
Претставниците на Советот додадоа дека се уште не знае точниот број на жртви
„Породилното одделение во центарот на градот, детското одделение и терапевтското одделение во болницата – сите се уништени во руски воздушен напад врз Мариупол, објави на Фејсбук началникот на регионалната воена администрација, Павло Кириленко, кој сподели и видео.
Репортерите на големите медиуми куќи не можат да ги потврдат овие наводи на терен, но украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Фејсбук профил објави видео за кое тврди дека е од погодената болница.
Украинскиот министер за надворешни работи ја повика меѓународната заедница да интервенира и да им помогне на околу 400.000 луѓе кои моментално се под опсада на руските сили во југоисточниот дел на Мариупол.
лажно Дмитро Кулеба ја обвини Русија дека ги држи граѓаните во пристанишниот град како заложници и го повика Западот да ја принуди „Русија да ја прекине својата варварска војна против цивилите и бебињата“.
„Русија продолжува да држи како заложници над 400.000 луѓе во Мариупол, ја блокира хуманитарната помош и евакуацијата“, напиша Кулеба.
„Недискриминирачкото гранатирање продолжува. На речиси 3.000 новородени бебиња им недостасуваат лекови и храна. Го повикувам светот да дејствува“, додаде тој.
Интервенцијата на Кулеба доаѓа кога Дмитро Гурин, пратеник од градот, изјави за Би-Би-Си дека на градот му остануваат само три до пет дена храна и дека властите биле принудени да закопаат 33 лица убиени од руското гранатирање во масовна гробница.
Мариупол е еден од градовите каде денеска трае евакуацијата на цивилното население. Според договорот прекинот на огнот почна во 8 часот по средноевропско време и требаше да трае до 20 часот.