Гимнастичка перфекција: Прв пат во историјата изведе досега неизведен „трипл-дабл“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американската гимнастичарка Симон Бајлс изведе прекрасна „трип-дабл“ комбинација со која ги воодушеви бројните обожаватели на овој спорт, а воедно и стана првата личност во историјата која успеала да го изведе овој гимнастички потег.

Четирикратната олимписка првенка изведе досега невидена комбинација која не е успешно изведена ниту во машка конуренција, а нејзиното двојно свртуваењ стана тема на коментари и дискусии на социјалните мрежи.

На Твитер можат да се прочитаат коментари дека Бајлс ги разби предрасудите дека овој потег е невозможен, дека луѓето не можат да го изведат, но и дека нејзиниот подвиг е неверојатен и многу важен за иднината на гимнастиката.

Симон Бајлс важи за главна фаворитка на Олимписките игри во Токио 2020 година во гимнастичката женска конкуренција.