Гиљермо дел Торо доби ѕвезда на Булеварот на славните и ги поддржа мигрантите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мексиканскиот режисер и продуцент Гиљермо дел Торо им се придружи на плејадата славни актери и филмски имиња кои имаат ѕвезди на Булеварот на славните во Холивуд. Култниот режисер и оскаровец кој златната статуетка ја доби за филмот „The Shape Of Water“ и формално стана дел од познатата ѕвездена патека.

Над својата ѕвезда на Булеварот на славните позираше со мексиканското знаме. Торо ја искористи приликата да говори за стравот кој, како што наведе, некои го користат за да ја поделат нацијата и да им порачаат на другите дека меѓусебно различните луѓе не треба да си веруваат едни на други.

„Не верувајте им на лагите кои ги говорат за нас, верувајте им на приказните кои ги носите во себе и верувајте во тоа дека сите заедно можеме да ги менуваме нештата“, изјави Гиљермо.

Славниот режисер пристигна во Холивуд во 1998 година од Мексико, откако беше киднапиран неговиот татко. Киднаперите за таткото на Гиљермо бараа откуп од еден милион долари, а режисерот парите успеа да ги собере благодарение на неговите пријатели и колегата Џејмс Камерон, познатиот режисер кој исто така има ѕвезда на Булеварот на славните.

Во 2008 година ја формираше продуцентската куќа „Cha Cha Cha Films“, со неговите сонародници, пријатели и колеги, режисерите Алфонсо Куарон и Алехандро Гонзалез Инариту.