Гигантот Tesla пред финансиски колапс?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според тврдењата на „хеџфонд“ менаџерот и директор на Vilas Capital Management, Џон Томпсон, американскиот гигант од областа на производството на електрични автомобили за само неколку месеци може да банкротира.

Tesla од поодамна маки мачи да оствари профит, иако автомобилите кои ги произведува се многу популарни, а цената на акциите до оваа година се зголемуваше од ден на ден.

„Освен ако Маск не извади некој ас од ракавот, Tesla ќе пропадне за отприлика четири месеци. Компаниите мораат кога-тогаш да остварат профит, а не гледам начин како тоа ќе се случи со Tesla“, рече Томпсон.

Минатиот април, акциите на Tesla достигнаа дотогаш рекордна вредност од 300 долари за акција и продолжија да растат до 389 долари за акција. Но, и покрај тоа, Томпсон веќе неколку години ги предупредува инвеститорите дека вредноста на акциите е лажна и дека има голема опасност дека Tesla ќе доживее колапс.

„Само како споредба, Tesla вреди двојно повеќе од Ford, ама Ford лани произведе 6 милиони автомобили и оствари профит од 7,6 милијарди долари, додека Tesla произведе само 100.000 автомобили и имаше загуба од 2 милијарди долари“, појасни Томпсон.

Тој додава дека нема видено нешто толку апсурдно во животот и дека Tesla би можела да банкротира во наредните 3-4 месеци.