Гигантот, сепак, најголем и најдобар во светски рамки


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Независно колку неговите конкурентни предничат и имаат импресивни статистики во одделни земји, сепак, на глобално ниво, германскиот гигант останува неприкосновен.

Продажбата на автомобили „Фолксваген“ минатата година се зголеми на околу 10,7 милиони, со што овој гигант ја задржа предноста пред „Тојота“. Со тоа го задржа местото на најголем светски произведувач на автомобили.

„Билд ам зонтаг“ наведе дека испораките кои ги вклучуваат брендовите „Ауди“ и „Порше“ придонеле првпат да се оствари приход поголем од 220 милијарди евра, по рекордните 217 милијарди во 2016 година.

Во 2016 година, веднаш по скандалот „Дизелгејт“, односно фризирањето на податоците од тестовите за емисија на штетни гасови од дизел-возилата, продажбата се зголемила за 3,8 отсто, на рекордни 10,3 милиони автомобили.

Истовремено, забележан е голем скок на продажбата во Кина и Европа.

Јапонска „Тојота“ минатиот месец објави проценки за продажба на 10,35 милиони автомобили ширум светот во 2017 година, со своите брендови „Тојота“, „Лексус“ и „Хино“, што е за два отсто повеќе отколку во 2016 година. Таа компанија во 2018 година очекува раст на продажбата на 10,5 милиони автомобили.