Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалските медиуми пренесуваат дека скаутинг службата на Спортинг Лисабон веќе подолго време го следи Стефан Ристивски и ќе направи максимални напори да го донесе во летниот преоден рок.
Бекот на Ријека игра сезона од сништата и настапи, 28 натревари во хрватскиот шампионат и е на добар пат да ја освои титулата.
Добрите игри на Ристовски не останаа незабележани, па најсилен интерес во моментов покажува Спортинг Лисабон, кој е спремен да плати 2,5 милиони евра за да го добие потписот на Македонецот.
Скаутинг службата на Спортинг го оцени бекот како модерен фудбалер со офанзивни карактеристики и би се вклопил на идеален начин во стилот на тренерот Жесус.
Од Португалија исто така наведуваат дека главен конкурент за потписот на Ристовски на Спортинг е екипата на грчки Олимпијакос.