Home Актуелно Гигантот „Amazon“ најави отворање на 3.000 продавници без продавачи и каси

Гигантот „Amazon“ најави отворање на 3.000 продавници без продавачи и каси

Извршниот директор на „Amazon“, Џеф Безос, изјави дека се обидува да најде вистински формат за скапиот потфат да отвори 3.000 продавници без продавачи и наплатни каси, кој планира да го реализира до 2021 година, пренесува „Blumberg“.

Новите продажни центри би имале формат на минимаркет со понуда од свежо подготвена храна и други продукти како во 7/11. Друга можност би била да се отворат маркети од типот на продавници за откуп. Првата продавница без благајна е отворена во Сиетл во 2016.

Од тогаш биле отворени уште две во истиот град и една во Чикаго. Купувачите влегуваат во овие продавници со апликација на мобилен и откако ќе извршат скенирање. Во продавницата купуваат сендвичи и брза хтана, пијалоци и грицки. По тоа заминуваат, а сметката им се наплаќа преку апликацијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…