Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кинескиот гигант во онлајн трговија „Алибаба” преговара со „Економска зона Тракија”, соопштија официјалните органи од Бугарија, а пренесува Пловдив24.бг.
Пред една година, при посетата на потпретседателот на Alibaba Group г-дин Сан, во Бугарија стана јасно дека компанијата предвидува да создаде логистички центар, кој ќе оперира со нивните нарачки во цела Европа. Идејата вклучува и понудата на бугарски стоки и храна на меѓународните пазари. Тогаш гигантот беше заинтересиран за Бургас како логистичко седиште, но сега интересот на компанијата дефинитивно се фокусирал кон Пловдив.
Освен преговорите кои претставниците на економската зона ги водат со гигантот „Алибаба”, се очекуваат 12 нови проекти да започнат во 2018 година