Спорт

Гигантите се „тепаат“ за новата холандска ѕвезда (видео)

Како што пренесува „ЕСПН“ неколку европски гиганти ја започнале трката за талентираниот холандски напаѓач Донјел Мален.

Овој 20 годишен фудбалер кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона и на 12 настапи постигна 9 голови. Неодамна се прослави кога во натпреварот против Витесе ги постигна сите пет гола за својот тим во победата од 5:0.

Мален пристигна во ПСВ за само еден милион евра, но неговата цена вртоглаво порасна. На мечот против Спортинг во Лига Европа го следеа неколку скаути на европски гиганти, а тој постигна гол во победата на својот тим.

Во овој момент Ливерпул, Милан и Арсенал се најсилно заинтересирани за неговиот потпис, но проблем е што ПСВ за неговата слобода бара 55 милиони евра.

Advertisements
To Top