Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јохана Агурто од Чиле, откако останала без работа заради влијанието на епидемијата на коронавирусот врз економијата, била убедена дека смислила совршен маркетинг за нејзиниот мед, што го нарекла по една од најголемите холивудски sвезди – Мел Гибсон. Чилеанката си поиграла со неговото име во маркетиншки цели, но тогаш се јавиле адвокатите на актерот.
Имено, нејзиниот производ го носи името Миел Гибсон („миел“ е шпански значи мед), а на теглата е фотографија од славниот актер од улогата во филмот „Храбро срце“, пишува Би-Би-Си.
„Сè одеше според планот додека не пристигна заканата од адвокатите на Мел“, откри Чилеанката на Твитер.
Адвокатите на Гибсон ја известија за повлекувањето на производот од пазарот заради неовластена употреба на името и ликот на актерот.
Во писмото испратено до неа, тие и се заканиле дека ако не го повлече нејзиниот производ веднаш од пазарот, ќе биде принудена да го реши проблемот на суд. Агурто започнала со продажба на медот Мил Гибсон, откако ја загубила работата поради пандемија на коронавирус.
„За да користите име и фотографија со ликот на Мел Гибсон од Брејвхарт, мора да добиете дозвола за употреба. Фотографијата е во сопственост на студиото кое го објави филмот“, објасни адвокатот Ли Брехеин, додавајќи дека мора да има посебно одобрение за таков вид маркетинг.
„Во никој случај не сакаме да спречиме некој што се обидува да започне бизнис и да генерира приходи од него, но треба да се знае дека постојат пропишани начини за водење бизнис, контакти и одобренија што треба да ги исполните претходно“, објасни Брехеин.
Но, се чини дека новата претприемачка не е подготвена да се откаже од својата нова работа толку лесно, па нејзината компанија го повика Гибсон преку Твитер да и ’дозволи да ја користи неговата слика со пораката:„ Нашата душичка е само за храбри срца “.
Во исто време, таа им се заблагодари на сите корисници на Твитер кои ја поддржаа. „Моето срце е храбро, но сега уште повеќе затоа што знам дека сме моќен рој“, им порача Јохана.