Актуелно

Ги запукаа: Закерберг и Фејсбук заработија уште една милионска казна

Германските власти одредија парична казна во висина од 2 милиони евра за технолошкиот гигант Фејсбук врз основа на законот против говор на омраза.

Федералната правосудна агенција на Германија наведе дека Фејсбук не го исполнил бараното ниво на транспарентност како одговор на жалбите за говор на омраза.

Според соопштението, за првата половина на 2018 Фејсбук во извештајот не го отсликал вистинскиот број на жалби на наводно илегални содржини , што во Германија вклучува и антисемитски навреди, односно пораки со омраза на религија или етничка припадност.

Наведено е и дека не е дадена целосна информација за тренингот и јазичните вештини на луѓето задолжени за решавање на жалбите за говор на омраза.

Фејсбук се уште не ја коментирал милионската казна од Германија.

Advertisements
To Top