Ги викаат „јапонските Хари и Меган“ – за нив љубовта е пред царскиот статус и милионите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Јапонската принцеза Мако се венчаше со своето момче од факултет Кеи Комуро, брак со кој го загуби царскиот статус.

Според јапонските закони, женските членови на царското семејство го губат својот статус по венчавката со обичен граѓанин, за разлика од машките членови.

Таа исто така ги прескокна традиционалните обичаи за царска венчавка и се откажа од еднократната исплата од 1,2 милион долари, што им се нуди на женските членови за напуштање на семејството. Мако е првата членка на царското семејство од Втората светска војна која се откажа од ваква исплата.

Двојката ќе продолжи да живее во САД, каде што Комуро работи како адвокат, поради што од медиумите го добија прекарот „јапонските Хари и Меган“.

Триесетгодишната внука на тогашниот Цар Акихито и Комуро, кои заедно студираа на Меѓународниот христијански универзитет во Токио, се свршија во септември 2017, но венчавката беше стопирана поради финансиски спор на мајката на Комуро.

Мако, која го зеде презимето на својот сопруг, се извини за сите проблеми што ги предизвикала со својата венчавка.

„За мене, кеи е незаменлив и бракот беше неопходен избор за нас“, изјави јапонската принцеза .