Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Триесетгодишен маж од Кавадарци уценувал две свои сограѓанки да му исплатат 3.000 евра за да не ги објави на социјалните мрежи нивните компромитирачки видео и фото материјали.
Двете девојки се полнолетни, а не се познавале една со друга. Уцените изнудувачот ги правел во различен период, притоа од едната барајќи 2.000, а од другата 1.000 евра.
Лицето е приведено поради основано сомневање за сторено кривично дело изнуда. Полицијата го претресе и неговиот дом заради прибавување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело. На уценувачот ќе му биде поднесена кривична пријава за уцена.