Ги учи на вистински вредности: Ќерките од Федерер продаваат лимонада


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После АТП турнирот во Ротердам, современиот крал на тенисот, Роџер Федерер, повторно се востоличи на врвот на АТП листата.

Меѓутоа еден од најдобрите тенисер во историјата нема намера тука да застане, овие денови тој се натпреварува на Индијан Велс каде што го очекува меч против Французинот Чарди во кој е апсолутен фаворит.

Тенисерот кој наскоро ќе наполни 37 години во текот на кариерата заработи повеќе од 100 милиони долари и сигурно е еден од најбогатите спортисти во светот.

Сепак и покрај тоа Федерер покажа дека цврсто стои на земја. Имено, тој е одлучен во намерата да ги научи неговите деца на работни навики. Федерер во текот на Индијан Велс откри дека неговите ќерки кои имаат осум години продаваат лимонда.

„Да, тоа им е забавно, а и мораат да знаат дека парите не паѓаат од небото. Во еден ден заработија дури 70 долари. Соседите се великодушни кога ќе видат дека тоа го прават деца“, изјави Федерер кој со својата сопруга има четири деца. Блицнаци Мајла и Шарлен (8) и билицната Леа и Ленија (3).

Без сомневање голем шампион на секое поле.