Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Судот од северот на Индија им додели легални човечки права на реките Ганг и Јамуна, кои милијарди Индијци ги чувствуваат и обожаваат како свети реки.
Судот во државата Утарканд донесе одлука на реките да им се доделат човечки права, што значи дека секое нивно загадување ќе биде третирано како нанесување повреда на друго лице и прекршување на нечии човекови права.
Судијата потсети дека таков статус има реката Вангануи на Нов Зеланд, која минатата недела беше прогласена за живо суштество, пренесува Associated Press.
Судот одреди тројца официјални лица кои ќе имаат официјално старателство над реките и ќе бидат нивни чувари, а исто така и на нивните притоки. Загадувањето, уништувањето на шумите и испуштањето на канализации го намали водостојот на многу реки во Индија.