Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ирина Шaјк ги изненади сите, кога се појави бремена на модната ревија на Victoria’s Secret. Убавиот руски топмодел очигледно очекува дете од партнерот Бредли Купер, кое ќе е прво и за двајцата.
Ирина се обиде да го прикрие стомакот, но будните фотографи успеаја да ѝ ја уловат тајната. Всушност модната ревија на топ брендот за долна облека, која се одржа вчера во Париз, беше деби за 30-годишната Шaјк. Според претпоставките, запрепастувачката бринета е во второто тримесечје од бременоста.
Според сајтот E! News таа е исклучително возбудена од фактот дека ќе станува мајка. Ирина и Бредли се заедно година и половина, а живеат главно во Њујорк. Засега двајцата не ја коментираа среќната вест, но се очекува да ја прогласат официјално веста наскоро.