Ги покажуваат градите и прашуваат: „А каде е револуцијата, стоко?“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот уметнички колектив Монтажстрој веќе четврт век го вперува прстот во најгорливите проблеми на хрватското заедничко секојдневие.

Одбележувањето на 25-годишнината од нивниот активизам Монтажстрој ќе го заокружи со изведба на претставата „А каде е револуцијата, стоко?“.

Претставата ги преиспитува современите комодификациии на општествениот бунт кој изникна со музичкиот албум „Пакет аранжман“ и југословенскиот нов бран во ’80-те години од минатиот век. Тоа е претстава за монтираната видео снимка од претставата MČŽPC (акроним) – забранета поради кршење на авторските права. На дигиталните остатоци од забранетата претстава Монтажстрој го разголува убедувањето дека поп музиката придонесува за општествени промени, порачуваат авторите.

08.01.montazstroj1

Претставата „А каде е револуцијата, стоко?“ настана во тензија и несклад помеѓу контекстот осакатен од цензура и автоцензурата која стана контекст.

Со праизведбата на оваа претстава на фестивалот Bitef, Монтажстрој стана првата хрватска екипа која ја доби честа да го отвори овој култен фестивал. Претставата, кој за прв пат ќе биде изведена во Загреб, е добитник на Специјалната награда од фестивалското жири на Bitef и беше испратена со овации од публиката.

Свечената и официјална премиера ќе ја има на 15 јануари, а репризи ќе има на 16 и 17 јануари, 2015 година.