Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Плус сајз“ манекенката Ешли Алексис својата кариера како модел за долна облека за полнички жени ја изгради благодарение на своите бујни гради со големина 80 H, а потоа ги разочара своите обожаватели кога одлучи да го намали своето деколте бидејќи градите беа преголеми за нејзината венчаница.
162,5 сантиметри високата „плус-сајз“ манекенка која ја нарекуваат „новата Ешли Греам“, откри дека поради бујните гради со години страда од болки во грбот. Оваа убавица од Бостон со адреса на живеење во Лос Анџелесо во своето CV како модел има фотосесии за Elle, Maxim и Playboy.
После неколку години со постојани болки во грбот, таа одлучи да ги смали своите гради, а на тоа ја поттикна фактот дека не можеше да си најде венчаница во која ќе може да ги смести своите бујни атрибути.
Како што објави за своите 1,3 милиони обожаватели на Инстаграм, со операција од нејзините гради било отстрането 1,8 килограми ткиво. Дечкото со кој наскоро ќе стапи во брак ја поддржува нејзината одлука.
Таа призна дека на 21 година вградила силиконски импланти во своите гради, а хирургот кој ја правел пластичната операција ставил нешто повеќе силикон од договореното. Како што оттогаш нејзиното тело се развивало, градите дополнително се зголемиле.