Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Двајца учесници на Парадата на гордоста која се одржа во Солун биле фрлени в море од страна на четири лица, кои грчката полиција ги уапси со сомнение за физички напад.
Четворицата се осомничени дека им се доближиле на еден грчки и еден бразилски учесник во маршот, од кои еден го држел знамето со виножитото, и вербално ги малтретирале, па ги фрлиле во морето, објави Катимерини.
Двете жртви, кои оделе одвоено од главната толпа, не се повредени.
Полицијата соопшти дека маршот, седми од ваков вид, организиран од ЛГБТК-заедницата во овој северен грчки град, втор по големина во земјата, привлекол повеќе од 5.000 учесници.