Гевгелискиот високогорец Георги Петков почина под Монт Еверест


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На својот планинарски потфат кон искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест, македонскиот алпинист Георги Петков го положи својот живот на високите планини.

Со освоени неколку врвови во четири светски континенти долгогодишниот алпинист не успеа да стигне до Еверест .

63-годишниот доктор специјалист инфектолог од Гевгелија денеска при подготовка за последното искачување кон врвот, починал вчера попладне од претрпен срцев удар. Тој се наоѓал во Базниот Камп 3 на 7.200 метри надморска височина и колабирал при подготовките за финалната рута на искачување кон врвот Монт Еверест од јужната страна, која се простира на територија на Непал. Веста за кобната загуба ја потврди за порталот „The Himalayan Times“ шерпасот Ками Нуру, менаџер на базниот логор, а ја проследи и „Channel news Asia“, пренесува gevgelijanet.com.

Тажната вест која ги растажи сите во Планинарското друштво „Кожуф“ каде Петков е долгогодишен член и алпинист ја пренесе Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал а Петков бил дел од експедицијата предводена од британскиот алпинист и лидер за комерцијална експедиција, Тим Моусдејл од Лондон, Англија.

Како што пишува gevgelijanet.com на 1 мај годинава Петков бил на само  1.000 метри до врвот Еверест.

Но, заради прилагодување на организмот, после три ноќевања во Базниот камп  на 7.800 метри надморска височина, екипата се врати во базниот Камп 3 за аклиматизација на телото на членовите на осумчлената меѓународна експедиција на Еверест, во која само Петков бил Македонец.

Петков за жал не успеа во остварувањето на својата најголема желба – да се искачи на „покривот на светот“.