Авто мото

„ГЕТ велосипед“ – иновација на македонски студенти за прочистување на воздухот со возење точак

ГЕТ е систем од велосипед, станица и желба за чист воздух. Приоритетна цел на ГЕТ тимот е промена на навиките на поединецот со своеволно придонесување во прочистувањето на воздухот и тоа токму со овој ГЕТ велосипед. Во тек е развивање на еден целосно нов пристап кон јавниот транспорт со што ги решаваме голем број на проблемите кај веќе постоечките системи.

Основата на оваа иницијатива е на граѓаните да им се понуди нова услуга, која овозможува алтернативен начин за движење во градската средина. Со развивање на услугата, директно се развива и нов производ. Односно целта на овој проект е развивање на градски систем на електрични велосипеди кои ќе го прочистуваат воздухот со филтри, паралелно намалувајќи го бројот на автомобили во градскиот сообраќај.

Главното прашање поставено од страна на ГЕТ тимот беше „Како заедно да го намалиме загадувањето на воздухот предизвикано од транспортот со моторни возила?” Електричен велосипед е совршено решениe.

Потрошувачите, односно корисниците на еден ваков систем кој не опфаќа сите нас, студентите, учениците, децата, пензионерите како и сите други граѓани или посетители на градот, на пример туристите.Се развива за секој поединец којшто сака да го искористи како превозно средство и притоа да помогне во прочистувањето на воздухот. Mесто на одвивање на ова дејство е во рамките на градот, со достапни станици за полнење на батеријата.

Намалувањето на загадувањето кон кое придонесува еден ваков систем, а и физичката активност која е потребна за негово користење носат голем број на здравствени бенефити. Покрај здравствените бенефити кои ги нуди овој систем, не треба да се заборави и фактор дека се нуди еден целосно нов начин за движење низ урбаните средини.

Проектот е во фаза на развивање. Во тек се одреден број на анализи и експерименти од страна на тимот со тоа што целиот систем поминува низ одредени промени и постепено го добива обликот којшто е замислен на почетокот. Како што веќе напоменавме, еден ваков проект е целосен новитет на овие простори, а не е ни голем бројот на вакви системи кои се успешно применети во светски рамки, па токму затоа портите за соработка се отворени за сите можни бизнис или технолошки партнери.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top