Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германските производители на автомобили и владата договорија план за спасување на дизел моторите.
Причината за овој план се многуте најави од германските градови кои планираат да ги забранат дизел-моторите во урбаните средини.
Производителите ќе ги повлечат моторите „Евро 5“ и „Евро 6“ и со вградување нов софтвер ќе ја намалат емисијата на штетни гасови речиси 20 отсто.
Се проценува дека оваа „поправка“ за едно возило ќе ги чини по стотина евра.
Прв со спроведување на планот почна „Мерцедес“, кој повлече три милиони возила, а „Ауди“ повлече 850.000 возила.
Претходно, поради наведените заострувања на дозволеното ниво на емисија на штетни гасови, „Порше“ соопшти дека е можно целосно да се откаже од дизел-моторите.