Германците ја бараат Лада


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во Германија е започната петиција со која се бара враќање на возилата на Лада на германскиот пазар. Петицијата била иницирана со поддршка на локалниот дистрибутер, Lada Deutschland, и е објавена на веб-страницата https://weact.campact.de/.

Петицијата е упатена до производителот Лада, компанијата АвтоВАЗ и корпорацијата Рено Нисан Митсубиши, во чие портфолио се наоѓа. Исто така, на списокот се и министерствата за економски развој и Руската амбасада во Берлин.

Иницијаторите на петицијата велат дека Лада мора да се врати во Европа затоа што „нуди широк спектар на модели, кои се, достапни за сите, и второ, има фанови и постојан круг на клиенти во Германија и во ЕУ околу 40 години“.

Инаку, Лада се повлече од европскиот пазар во мај 2019 година, а испораките на автомобили во Европа се укинати. Лада Дојчланд изрази жалење за ваквата одлука на „АвтоВАЗ“.

За илустрација, Lada Vesta SW Cross со 1,6 бензински мотор од 102 КС во Германија се продавала по цена од 17.800 евра.