Германското обвинителство го ослободи осомничениот за бомбашкиот напад во Дортмунд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германското федерално обинителство соопшти дека дваесетишестгодишниот Ирачанец, кој беше уапсен под сомнение дека учествувал во бомбашкиот напад врз автобусот во кој се превезуваа фудбалерите на Борусија Дортмунд е пуштен на слобода.

Истрагата не покажа дека осумничениот е поврзан со нападот, ја извести јавноста со соопштение германското обинителство.

Абдул Басет А. беше во притвор како главен осумничен за трите поврзани бомбашки напади врз автобусот на Борусија, во кои повредени беа еден фудбалер и еден полицаец.

Ирачанецот наводно бил поврзан со Исламската држава, а германските медиуми објавија дека тој во 2014 година, во Ирак, командувал со единица од 10 борци, кои вршеле киднапирања и егзекуции.

Агенцијата АФП објави дека тој во март 2015 година патувал во Турција.

Според обвинителството тој останал во контакт во членовите на Исламската држава и по доаѓањето во Германија минатата година.