Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германија предводена од канцеларката Ангела Меркел најави дека ќе бара воведување политички промени од турскиот претседател Реџеп Ердоган во Турција, како замена за можна помош за стабилизирање на турската економија. Ова го најави еден од членовите на германскиот парламентарен комитет за меѓународни односи во интервју за Блумберг, пренесува Фактор.мк.
„Имаме заеднички интереси во однос на миграционата политика, но исто така имаме големи разлики”, рекол Јурген Харт од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел. Според него, Германија сака Анкара да ја почитува слободата на медиумите, да ги ослободи Германците уапсени од политички причини и да се воздржи од разгорување на војната во Сирија.
Турската валута криза особено се одразува во Германија – најголемиот турски економски партнер и дом на речиси 3,5 милиони турски заедници. Билатералната трговија помеѓу Германија и Турција минатата година изнесувала речиси 37 милијарди евра. Меркел и ЕУ имаат потреба од благосостојба на Турција во врска со договорот за миграција, каде што земјата го спречува протокот на мигранти во Европа во замена за сума од 6 милијарди евра.
И иако од официјален Берлин уште нема предлог за помош, билатералните односи ги истакнуваат високите облози на претстојната посета на претседателот Реџеп Ердоган во септември во Германија.
Харт исто така даде до знаење дека првото место на Запад, кон кое што Турција треба да се обрати ако сака поддршка, е Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а не Германија или Европската унија.
Сепак претходно оваа недела владата на Меркел ги негираше извештаите на весникот Der Spiegel дека германскиот министер за финансии Олаф Шолц го повикал турскиот колега Берат Албаирак да побара помош од ММФ.