Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германски обвинители отворија истрага во врска со експлозиите на гасоводот преку кој рускиот гас доаѓаше до Германија под Балтичкото Море, пишува Асошиејтед прес.
Германски сојузни обвинители, кои ги истражуваат случаите поврзани со националната безбедност, соопштија дека отвориле истрага против непознати лица поради сомнеж за намерно предизвикување експлозија и противуставна саботажа.
Обвинителите соопштија дека постојат доволно докази дека цевководите се оштетени со најмалку две намерни детонации, а целта на нивната истрага е да се помогне во откривање на извршителот, како и можниот мотив.
Германската истрага се надоврзува на истрагата во Шведска. Тамошен обвинител кажа минатата недела дека собираат докази. Германските сојузни обвинители кажаа дека причина за отворањето на истрагата е можното влијание на безбедноста во Германија.
Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот за нападот на гасоводите, што Вашингтон и нивните сателити го демантираа.