Германските медиуми го тужат Google: Дали пребарувачот ги прекршил авторските права?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Берлинскиот суд ќе го препрати до Европскиот суд случајот меѓу германски издавачи и “Гугл” во кое издавачите инсистираат онлајн пребарувачите да им платат за објавување на извадоци од содржината на статиите.

Најголемиот издавач на весници Аксел Шпрингер и 40 други издавачки куќи го обвинуваат Гугл за кршење на авторските права. Сега судот во Луксембург ќе треба да го анализира германскиот медиумски закон во контекст на европското право.

Судиите мора да одлучат дали предметниот закон требало да биде претставен на Европската комисија, пред да стапи во сила во 2013 година. Процесот може да трае околу една година.

На мислење сме дека тужбата има барем делумно причина, гласи одлуката на берлинскиот суд. Ако европските судии сметаат дека Европската комисијата требало да го оцени новиот германски закон, тогаш е можно издавачите да ја изгубат основата за тужбата, велат експертите, цитирани од агенцијата Ројтерс.

Т.н. второстепен суд за авторски права за издавачите на печат беше предложен во 2012 година од владејачката коалиција на Ангела Меркел и влезе во сила во 2013 година.

Сличен закон беше усвоен и во Шпанија во 2014 година, а компанијата реагираше, откако застана услугата Google News на територијата на земјата.

Законот практично го обврзува Google да им плаќа на шпанските сајтови и медиуми за тоа дека покажува делови од нивните публикации во Google News. Ако услугата дури презентира само наслов на веста, тоа повторно би било доволно за да провоцира плаќање.

Бидејќи Google News не заработува (во овој сајт нема реклами), за нас не е економски целисходно да нудиме услуга, ако треба да плаќаме, коментира портпаролот на Google.

Речиси сите бразилски весници исто така си ги побараа правата од објавувањата на Google News, која објавува наслови и извадоци од статии.