Германски универзитетски професор: Бензинот да поскапи на 100 евра за литар – нема друго чаре


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бидејќи нема друго решение, ниту пак разбирање кај поголем дел од човештвото, за да се спаси планетата бензинот треба да поскапи на 100 евра за литар, порачува професорот Хумболтовиот универзитет во Берлин, Грегор Бахман.

Бахман на Твитер пишува „само кога еден литар ќе чини 100 евра или повеќе, нашите сограѓани полека ќе почнат да размислуваат дали можат да живеат без автомобил“, пренесува ОфНет.

Професорот во интервју за Билд признава дека е свесен дека поскапувањето на бензинот неизбежно ќе поскапи и многу други работи и истите ќе станат недостапни за сиромашните „но за жал тоа е цената што мора да се плати за заштита на климата“.

Идентично свесно Бахман објаснува дека глобално „премногу се имаме навикнато на концептот за просперитет за секого, за кој плаќаат сите бидејќи е на сметка на планетата.“

Негова процена е дека најголемиот дел од оние кои тврдат дека зависат од автомобил, всушност не зависат туку возат затоа што така им е полесно, „плус има и автобуси и возови“.