Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Џет лаг“ (Jat lag) е циркадијална аритмија (десинхронизација) во човечкиот организам која е резултат на летањето на долги авионски летови низ повеќе часовни зони, најчесто меѓуконтинентални летови, кога во многу кратко време патникот е изложен на друг циклус на ден и ноќ во споредба со оној од местото на полетување, а следствено и различен физиолошки циклус на ден и ноќ на кој е навикнат самиот тој.
Последица на тоа е промената на фазите меѓу географскиот и физиолошкиот циклус на ден-ноќ која е проследена привремен клинички синдром кој се јавува како одговор на пореметувањето на физиолошките, биолошките (циркадијалните) ритми во организмот. Најчесто е проследен со неспецифични симптоми како замор, несоница, губење на апетит, раздразливост и други пореметувања на организмот и однесувањето.
Но, дали ефектот од „џет лаг“ е полош ако авионите патуваат кон исток или кон запад?
„За многу патници, авионското пореметување е полошо ако патуваат на исток“, вели Андреа Роденабек, која ги проучува нарушувањата на спиењето во болницата Порц ам Рајн, Германија.
„Повеќето луѓе имаат внатрешен и ноќен ритам што е всушност малку подолг од 24 часа. Ова е причината зошто може да изгледа полесно да се продолжи денот, што се случува ако патникот патува на запад. Скратувањето на денот кога патувате на исток предизвикува телото да се збуни”, наведува докторката.
Неспиењето за време на патувањето доведува до нарушување на нашиот внатрешен часовник, објаснува Роденбек.
„Оние кои можат да се релаксираат и да успеат да фатат барем малку сон за време на летот, ќе можат да се справат со промената на неколкуте временски зони“, додава таа.
Ако временската разлика е 10 до 12 часа, се чини дека е мудро да останете будни додека навистина не заспиете кога ќе стигнете на крајната дестинација. Една или две дремки до 20 минути и шолја кафе ќе ви помогнат да го издржите денот, вели Ханс-Гинтер Вес од германското друштво за спиење.
Дневната светлина исто така ни помага да останеме будни. „На тој начин, вие сте релативно подготвени да ја прифатите шемата за спиење што важи за таа дестинација“, додава тој.
Ако патувате во различна временска зона на помалку од 48 часа, тогаш не треба да се трудите да се навикнете на временската разлика, вели Вес, додавајќи дека во тој случај поумно е да го задржите своето темпо.
Треба да се внимава и при земање апчиња за спиење. Според Вес, засега не е јасно дали апчињата можат да помогнат при џет лег. „Податоците се нејасни“, вели тој.
,,Ако сепак одлучите да ги земате апчиња, не треба да ги користите повеќе од две ноќи, вели тој, затоа што можете брзо да се навикнете на нив. Треба да го проверите нивниот внес дома, по можност во текот на викендот.
„Во ретки случаи, тие можат да имаат спротивен ефект од очекуваниот“, посочува Вес.