Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според директорот на Германскиот институт за инфективни болести, Роберт Кох, фаќањето банкноти не претставува посебен ризик од инфекција со новиот коронавирус.
-Пренесувањето на вирусот преку банкноти не е од особена важност, рече Лотхат Вилер.
Тој додаде дека најголем ризик се секретите на заразените лица. Неговите изјави се спротивставуваат на официјалните претставници на Светската здравствена организација, кои ги советуваат луѓето да ги мијат рацете по ракувањето со банкноти.
Германија регистрира 1.269 заразени, меѓу кои и два смртни случаи.