Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со цел навремена санација на оштетените делови, дел од германските автопати кои претрпеа штети како последица на високите температури ќе останат привремено затворени.
Делови од германските автопатишта се со пукнатини поради високите температури во изминативе неколку дена. Без инвестиции малку е веројатно тие патишта да издржат влијание на глобалното загревање, објавија германски медиуми.
Бранот жештини изминатите неколку денови во делови од Германија со температури над 30 степени Целзиусови, предивика пукнатини и подигнување на делови од површината на автопатишта. Затвоени се неколку ленти од повеќе автопати што директно влијае на околу 70.000 возачи.
Германскиот автомобилски клуб АДАК повика Владата да донесе долгорочна стратегија и да ги зголеми инвестициите.