Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германската влада нема да дозволи пропаѓање на германската национална авиокомпанија „Луфтханза“ согласувајќи се од економската криза и крах да спасува со 9 милијарди евра.
Како што денеска пишува „Бизнис инсајдер“, повикувајќи се на извори од авиопревозникот, со ваквата помош државата ќе добие и малцински пакет во компанијата со право на блокирање одлуки.
Истовремено, државата, со тоа што обезбедува помош од девет милијарди евра, си обезбедува и два мандата во надзорниот одбор на компанијата.
Ваков договор е постигнат синоќа, а формално ќе го потврдат извршниот менаџер на Луфтханза, германскиот министер за финансии и канцеларката Ангела Меркел.