Германската полиција со водени топови ги разбиваше протестите против најавените рестриктивни мерки против ширење на коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Полициските служби во Берлин ги разбија граѓаните кои беа излезени на протести против најавените рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Полицијата употреби водени топови врз демонстрантите кои се собраа кај Бранденбуршката порта, откако ги игнорираа повиците да носат маски и да држат растојание едни од други. Полицијата уапсила и неколку демонстранти.

Полицијата ги блокираше приодите околу најважните државни институции, пред гласањето во Бундестагот за Законот кој треба да и овозможи на Владата на канцеларката Ангела Меркел да воведе ограничувања во борбата против коронавирусот. Пратениците треба да го изгласаат Законот со кој се воведуваат мерки на ограничување, како социјално дистанцирање, задолжителна употреба на маски на јавни места и ограничувања на работењето на продавниците.

Првото читање на предлог измените беше пред десетина дена, а второто и третото читање пред парламентарците е вечерва, по што потпис треба да стави и Сојузниот претседател.

Досега сојузните покраини се потпираа врз генерални клаузули од Законот за заштита од инфекции, кој инаку не предвидува ваква пандемија. Додека законодавците брзаат со постапката, голем број граѓани кои не се согласуваат со рестриктивните мерки организираат протести низ целата земја, тврдејќи дека ограничувањата се неуставни. Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, остро реагираше на изјавите на демонстрантите дека новиот правен акт е сличен на законот од 1933 година, со кој на нацистите им биле дозволени закони без одобрување од парламентот.

„Секој, се разбира, има право да ги критикува мерките, нашата демократија се развива преку размена на различни мислења. Но, секој што го релативизира или тривијализира холокаустот, не научил ништо од минатото.“ – изјави Хајко Мас – министер за надворешни работи на Германија.

Германија, која доби пофалби од светот за начинот на справување со пандемијата од Ковид 19, досега соопшти за над 13.000 смртни случаи, што, за споредба, претставува четвртина од бројот на смртни случаи во Велика Британија.