Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германската актерката Барбара Сукова е една од најголемите филмски ѕвезди на овогодинешното издание на меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ што се одржува во Белград.
На фестивалот таа ќе го претстави филмот „Далиленд“ во кој ја глуми Гала, сопруга на Салвадор Дали, меѓутоа она со што таа го привлече вниманието на српските новинари е повикот да ѝ помогнат да пронајде две жени кои ги запознала во Македонија кога биле деца во далечната 1963 година.
Таа година, актерката како тинејџерка со нејзините родители престојувала во Југославија и го посетила Охрид. Таму, раскажа денеска, запознала две девојчиња – Зорица и Билјана.
Тогаш во училиштата се собирала хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Скопје, а Зорица и Билјана во знак на благодарност потоа ѝ испратиле послужавник со две шолји за кафе.
„Ги чував и носев секаде со себе. Тие две сега се како мене, во средните седумдесети години. Би сакала повторно да ги видам. Бидејќи не користам социјални мрежи, можеби можете да ми помогнете да ги пронајдам“, замоли актерката, пренесува Н1 ТВ.
Таа пред камерите покажа и фотографија од Зорица и Билјана од времето кога биле девојчиња.