Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жената позната како Ута Ф. доби закана со казна од 250.000 евра за една запалена цигара, ако продолжи да пушти цигари на балконот од својот стан после 20 часот.
Од 2008 година Ута живее во мирниот дел од Берлин наречен Хелерсдорфер, а нејзиното пушење цигари во вечерните чесови очигледно го вознемирува некој од нејзините соседи. Станува збор за Марсел П. кој живее во станот под нејзиниот, а цигарите толку му пречат што реши да ја тужи Ута.
Во тужбата е наведено дека во неговиот стан влегува голема количина чад поради ветрот кој дува од запад.
„Не пушам многу цигари, но понекогаш запалувам со чаша вино навечер. Тоа го правам главно кога не можам да спијам“, вели Ута.
Но, судот немал разбирање за Ута, па таа доби наредба повеќе да не пуши цигари на тераса помеѓу 20:00 и 06:00 часот. Ако ја прекрши наредбата, следува казна од 250.000 евра или шест месеци затвор. Забраната е овозможена со законот кој го донесе Германскиот федерален суд за правда во 2015.