Германска пресметка: „Кросоверите“ од BMW, Audi и VW си ги измерија силите на патеката


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


VW T-Roc, Audi Q2 и BMW X2 со додавките R, S и M се вистински машини на асфалтот кои знаат да покажат исклучително моќни перформанси.

Точно ваквите врвни модели се соочија на трката за забрзување на британскиот Carwow. Главниот предизвикувач е Volkswagen T-Roc R кој како и Audi има 2.0 бензински турбо мотор со 303 КС и 400 Nm. Бидејќи се близнаци, нивните сличности не застанува тука, така што имаат ист седумстепен менувач, погон на сите тркала итн. Единствената реална разлика е во цената. Од една страна го напаѓаат Т-Рок Р, а од друга Ауди SQ2 и се обидуваат да го соборат BMW X2 M35i. И тој се напојува со 2,0 турбо-полнач, со малку повисок максимум, на 310 КС и 450 Nm. Се разбира, има и погон на сите тркала, а менувачот има и степен повеќе. Цената не е иста, така што BMW чини значително повеќе од Audi и VW, 44.234 фунти во однос на 37.370 и 38.450 фунти за VW Групацијата. Да, во оваа споредба Ауди е најевтин.

На патеката, тие се идентични со малку поагилен старт на БМВ-то, па завршуваат четвртина од километар на асфалтот за 13,4 секунди. Во стартот, BMW покажува предност, а тие се многу слични кога станува збор за сопирачките.