Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако вчера стана една од десетте непостојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Германија го презеде раководењето и застана на чело на елитните единици на НАТО.
Следните две години Германија ќе биде непостојана членка на Советот за безбедност на ОН. „Добро се подготвивме и сакаме да го прифатиме овој ризик“, изјави германскиот министер за надворешни работи, Хаико Маас.
„Германија планира да даде свој придонес во однос на тешкото прашање за нуклеарно разоружување и за контролата на ширење на вооружувањето во светот“, додаде Маас.
Освен тоа, германските вооружени сили, Bundeswehr (Бундесвер), од денеска почнаа со раководење на елитните единици на НАТО, т.н. „Spearhead”. Со силите за брзо распоредување, со кои ќе раководи Германија , ќе има контрола на над 8 000 војници, колку што ќе изнесува нивниот состав за 2019.
Од нив, 4 000 ќе обезбеди германската војска, а другите доаѓаат од Франција, Холандија и Норвешка.