Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендата на гермнаскиот фудбал, а сега директор на националниот тим, Оливер Бироф призна дека сите во Германија се загрижени од напредокот на младите селекции на Англија.
Сениорските репрезентации на Англија и Германија в петок ќе одиграат пријателски натпревар на „Вембли“, а Бироф вели дека Германија не живее од старата слава и дека во тек е отворањето на фудбалскиот центар кој ќе биде Харвард на фудбалот.
„Мислам дека Англија направи успех благодарение на образовниот центар за играчи и тренери. Слушнав дека во премиерлигашките клубови има сѐ повеќе млади домашни играчи и тоа е добро. Ние во Германија нешто слично започнавме во 2000 година и тоа е процес што долго трае. Со тие играчи вистинскиот резултат го забележавме во 2010 година“, изјави Бироф за британски „Телеграф“.
„Англија е фудбалска нација и секогаш е сјајно да се игра против неа. За големи успеси е потребно време, а вие веќе ги гледате успесите во младите селекции. Ние во Германија сме малку загрижени бидејќи овие ваши млади играчи ќе стануваат сѐ подобри и подобри. Кога од страна ќе ја погледнете репрезентацијата на Англија, веднаш се забележува дека веќе се формира еден тим кој ќе биде совршен спој на искуство и млади сили. Промената е јасно видлива, особено на полето на самодовербата што ја покажуваат англиските играчи до 17 и до 20 години, кои станаа светски шампиони. Тоа ја покажува силата. Сѐ повеќе млади фудбалери играат во Премиер лигата, која е најсилна и најуспешна во Европа и тоа може само да ги направи уште подобри играчи“, додаде Германецот.