Германија во паника: Потврден првиот случај на коронавирус во оваа европска земја


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Германија е потврден прв случај на заболено лице од смртоносниот корона вирус, чија епидемија на крајот на 2019 се појави во Кина, пренесува Ројтерс.

Баварската здравствена канцеларија потврдила дека синоќа случајот е потврден кај жител на градот Штарнберг, место на 30 километри од Минхен.

Како што пренесуваат странските медиуми, пациентот засега е во добра состојба и е под надзор на лекарски екипи.

Луѓето кои биле во контакт со него веќе се известени за можните симптоми на болеста, односно со мерките што треба да се преземат во случај на појава на симптомите.