Германија со отворена поддршка за прием на Македонија во НАТО


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Официјален Берлин даде согласност за прием на Македонија во НАТО, потенцирајќи дека ќе се залага процесот да биде завршен брзо, пренесува „Дојче Веле“.

Како што пренесува порталот, во соопштението од германската влада, меѓудругото се вели:

„Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување“, соопштува владата во Берлин и додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за „уште истиот месец да може да следи формалното приклучување“.

Приклучувањето на Македонија во НАТО е „важно за безбедноста во евроатлантскиот простор“, се вели во соопштението на германската влада и се додава дека е тоа „важен импулс за натамошна стабилизација на Западниот Балкан“.

Во соопштението се образлага дека надворешнополитички „Северна Македонија игра конструктивна улога на Западниот Балкан“, што особено станало видливо „преку подготвеноста да се даде согласност за промена на името од ‘Македонија’ во ‘Северна Македонија’, што беше договорено со Грција во јуни 2018 година“.